Почетна Анализа За бадниковите обичаи и религијата. Од каде потекнуваат?
За бадниковите обичаи и религијата. Од каде потекнуваат?

За бадниковите обичаи и религијата. Од каде потекнуваат?

394
0

Од каде потекнуваат овие народни обичаи, за кои црквата честопати вели дека немаат верски карактер и дека се дел од паганската традиција на празнувања меѓу народот.

Како тие верувања и празнувања останале вкоренети до денес…

Богата бадникова трпеза, бадниково гранче, лепче со паричка. Сето тоа придружено со бадникови огнови и коледарски песни. Ова се народните обичаи и традиции за празнување на едни од најголемите верски празници во православието – Бадник и Божиќ на народот во Македонија, кои секоја година се одбележуваат на 6 и 7 јануари. Овие обичаи се разликуваат од местото на живеење, но, сепак, сите имаат заеднички сегменти.

Но од каде потекнуваат овие народни обичаи, за кои црквата честопати вели дека немаат верски карактер и дека се дел од паганската традиција на празнувања меѓу народот.

Како тие верувања и празнувања останале вкоренети до денес? Дали тие се изворна традиција или, пак, се наследени обичаи? Одговори на овие дилеми има во етнологијата и во културолошките толкувања, а ги објаснува етнологот Даворин Трпески, професор и раководител на Институтот за етнологија и антропологија на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Според него, речиси е невозможно да се објасни традицијата во земјава за овие празници зашто се работи за цела низа верувања и обредни активности.

Спој на пагански и христијански верувања

Трпески посочува дека се работи за комплекс од празнувања, кои во етнологијата и антропологијата се познати како празници од новогодишниот обреден циклус, инкорпорирани во македонската народна култура.

/Радмила Заревска (ЦЕЛИОТ ТЕКСТ НА ФАКУЛТЕТИ.МК)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *