Почетна Вести Европа Вселенскиот патријарх на служба со Ерусалимската и со Бугарската црква – каква порака доби Црковна Москва?
Вселенскиот патријарх на служба со Ерусалимската и со Бугарската црква – каква порака доби Црковна Москва?

Вселенскиот патријарх на служба со Ерусалимската и со Бугарската црква – каква порака доби Црковна Москва?

260
0

И праќа ли Вселенската Патријаршија нова порака на Руската Православна Црква, која веќе две години ги прекина сослужувањата со Вселенскиот патријарх Вартоломеј и со остантите поглавари на цркви кои ја признаа украинската автокефалност.

На 30 ноември 2021 година, кога Православната црква го честува споменот на Светиот апостол Андреј Првовикан, кој е и партон празник на Вселенската патријаршија, во цркавта Свети Ѓорги во Истанбул се случи заедничка литургија на Вселенскиот Патријарх со владици од Ерусалимската Патријаршија, Бугарската Патријаршија, Атинската Архиепископија и Кипарската Архиепископија.

Интересен е моментот што токму две од овие цркви, кои беа на сослужување со Вартоломеј беа посочувани како цркви дел од блокот што го поддржува Рускиот Патријарх Кирил во овој спор со Вселенската патријаршија. Особено Ерусалимската Патријашрија, чиј поглавар организираше и паралелен Собор на барање на Црковна Москва за да го осуди чекорот на Вселенскиот патријарх да потпише Томос за автокефалност на Украина. Другата црква е Бугарската Патријаршија, која досега официјално имаше неутрална позиција, но дел од тамошните владици отворено го поддржуваа Рускиот патријарх.

Веста за оваа литургија ја објави токму претставникот на БПЦ, Русенскиот Митрополит Наум на својот Фејсбук профил.

Се чека реакцијата на Московската патријаршија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *