Вселенскиот патријарх бара единство на сите православни во Украина

Date:

Share post:

За оние кои се добро запознаени со развојот на црковните работи, неодамнешниот напад на руските власти врз Вселенскиот патријарх не беше изненадување.

Темелите беа поставени пред многу години од Московската патријаршија. Патријархот Кирил беше првиот што ги насочи нападите против Вселенскиот патријарх, користејќи јазик што не доликува на поглавар на Православна црква.

Сепак, интензитетот на кампањата со клевети против патријархот Вартоломеј се покажа како изненадувачки. Тој е обвинет дека е агент на британските разузнавачки служби, етикетиран како Антихрист и прикажан како некој што го растура Телото на Црквата и се однесува како лажните пророци!

Во црковните кругови постои растечка загриженост дека руската страна нема да застане тука, туку ќе ги турка работите уште подалеку. Оваа вознемиреност е зголемена поради обидите на руските власти да го вклучат црковното прашање во пошироката рамка на решавање на украинскиот конфликт. Токму во овој момент почнуваат да се појавуваат сериозни предизвици за Фанар.

Тие не разбираат

Општо е прифатено дека Американците немаат длабоко разбирање за деликатните рамнотежи во црковните работи. Иако покажуваат подготвеност да помогнат, тие не се занимаваат со суштината на спорот. Тие покажаа интерес за развојот на настаните во православната заедница во Украина, но не беа сигурни кому да му веруваат. Се сретнаа со сите страни и на крајот си заминаа.

Русите, од друга страна, постојано ја ескалираат својата реторика, зборувајќи за „прогон на канонската Украинска православна црква“ под водство на митрополитот Онуфриј. Во исто време, тие вршат притисок врз Западот да ја убеди владата на Володимир Зеленски да го повлече контроверзниот закон кој, всушност, ја демонтира оваа специфична црковна структура.

Во своето неодамнешно обраќање на празникот Богојавление, одржано со митрополитот Киевски Епифаниј покрај него, Вселенскиот патријарх Вартоломеј – уште еднаш – му подаде рака на пријателство на митрополитот Онуфриј.

Поважно е што Вартоломеј нагласи дека ги осудува ексцесите што се случуваат во Украина „од која било страна да потекнуваат“, а истовремено ги повика државните власти на земјата да се воздржат од мешање во внатрешните работи на Црквата.

Како што постојано наведувавме во оваа колумна и ќе наведуваме повторно, Вселенскиот патријарх бара единство меѓу православните во Украина и пошироко. Токму поради оваа причина тој додели автокефалност пред седум години. И сега се чини дека тој ја искажува оваа позиција јасно на секој можен начин.

Сепак, прашањето е кој стои покрај него во овој обид да се спротивстави на руските напади. Во последниве денови, митрополитот Халкедонски зазеде јасен јавен став, архиепископот Елпидофор од Америка презеде соодветни потези, а видовме и изјави за поддршка од митрополитот на Австрија (и неколку други, објавени во меѓувреме, заб.прев)

Сепак, прашањето останува: дали ова е доволно за да се соочат со механизам макотрпно граден со децении од страна на истоверните од Север?

Мелхиседек

Објавено во весникот „Orthodoxi Alitheia”, преземено од: Orthodox Times

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img