Возобновено и од печат излезе нов број на списанието „Православие – orthodoxy“

Date:

Share post:

Епархискиот црковно-просветен совет при Австралиско-сиднејската православна епархија објави дека пред извесен период, по подолга пауза со благослов на архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, Стефан е возобновен и излезе од печат нов број на епархиското списание „Православие“.

Во овој петти број е посветен на празник Рожедество Христово се обработени и сместени голем број духовни теми, кои од овој број покрај на македонски јазик, ќе можете да ги читате и на англиски јазик, бидејќи од овој прој списанието ќе се издава двојазично на радост на своите читатели. „Православие“ претставува православно списание, кое сoдржи најразлични современи духовни теми, кои се поврзани со православната вера, култура и образование, кои се најнеопходни во црковната мисија за просветлување на православниот човек во Австралија. Исто така списанието содржи најнови вести од епархискиот живот. Тоа е плод на веќе низата проекти на Епархискиот црковно – просветен совет при епархијата, велат од епархијата.

Овој број, како и досегашните изданија, претставува богато духовно и културно сведоштво за животот на Црквата, нудејќи содржини што ја продлабочуваат верата, го поттикнуваат духовниот раст и ја зацврстуваат врската со православното предание.

Посебно внимание во овој број е посветено на прашањето: „Што е Православие?“, како суштинско богословско и животно определување на човекот во современиот свет.

Списанието „Православие – Orthodoxy“ продолжува да биде значаен духовен мост меѓу татковината и дијаспората, сведочејќи за живото присуство на Македонската Православна Црква меѓу верниот народ во Австралија.

Списанието можете да го најдете во сите храмови на Австралиско-сиднејската епархија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here