Вечерва од Света Гора се емитува директен пренос од сеноќното бдение во Свештениот Скит на Светиот великомаченик и исцелител Пантелејмон во Кареја, на кое служи епископот Антаниски и игумен на Бигорскиот манастир, Партениј.
Бдението почна во 19 часот.
Посетата на епископот Партениј се смета за значаен момент во односите на МПЦ-ОА со Вселенската патријаршија, имајќи предвид дека Света Гора се наоѓа под духовна и административна јурисдикција на Вселенската патријаршија.
Од Бигорскиот манастир неговото доаѓање на Атон го опишаа како „трогателно враќање кон духовните извори“.
По сеноќното бдение, епископот Партениј ќе ја предводи и Божествената Литургија по повод празникот на Светиот великомаченик и исцелител Пантелејмон.
Директниот пренос од Света Гора гледајте го овде.


Инаку, денес е празникот на Св. Климент Охридски. Или не е?