Почетна Вести Христијанство Во завршна фаза е изградбата на православниот храм „Свето Преображение“ во Кочани –
Во завршна фаза е изградбата на православниот храм „Свето Преображение“ во Кочани –

Во завршна фаза е изградбата на православниот храм „Свето Преображение“ во Кочани –

226
0

Со поставувањето на термичката изолација на фасадата и на кровната конструкција, во завршна фаза влегува изградбата на православниот храм „Свето Преображение“ во Кочани.

Со оглед на поволните врменски услови, се очекува до крајот на ноември да завршат почнатите активности, по што ќе следи поставување на наменските прозорци и на влезната порта на црквата.

Тоа ќе овозможи затворање на објектот и услови за почеток на фрескоживописувањето на внатрешноста. Изградбата на објектот се реализира со финансиска поддршка од приватно лице од Кочани, кое најавува дека по завршувањето на крупните градежни работи ќе ги препушти натамошните активности на Црковен одбор што треба дополнително да се формира.

Според урбанистичкиот проект, во комплексот на соборниот храм, покрај црквата зацртани се и крстилница, камбанарија и трпезарија. Црковната зграда зафаќа 364 квадратни метри и во неа има приземје и галерија за црковен хор, а заедно со другите објекти, под покрив ќе се најдат вкупно 1500 квадратни метри.

Камен темелникот на новата црква за жителите на кочанската населба Усова Чешма и околината беше поставен во почетокот на мај 2006 година. Тогаш се најавуваше дека изградбата ќе заврши за десетина години, но беше запрена повеќе од една деценија, а продолжи пред околу четири години и веќе се приведува кон крај.

Задача на Црковниот одбор ќе биде понатамошна грижа за објектот, прибирање донации, како и уредување на околината во која е планирано да се отстранат постојните објекти на водостопанското претпријатие.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *