Во Велес свечено прославена света Петка Римјанка

Date:

Share post:

Со свечена Света Божествена Литургија во соборниот храм „Света Петка“ во Велес беше одбележан празникот посветен на светата преподобна маченичка Параскева-Петка Римјанка.

По тој повод, Светата Литургија ја отслужи митрополитот Повардарски Агатангел, во молитвено присуство на бројни верници кои се собраа во храмот заеднички да го прослават празникот и да ѝ се помолат на светата Параскева.

Празничното богослужение помина во духот на молитвата и благодарноста, а верниците имаа можност да се поклонат пред светителката и да го одбележат нејзиниот празничен ден.

Светата преподобна маченичка Параскева-Петка Римјанка е особено почитувана во православната традиција, а нејзиниот спомен се одбележува со богослужби и молитвени собранија во храмовите посветени на нејзино име.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img