Во сабота во Белград голем студентски протест – поддршка за разрешениот митрополит

Date:

Share post:

Најавениот голем студентски протест во Белград за 23 мај ќе се претвори и во протест за поддршка на разрешениот Жички митрополит Јустин.

Отакако студентите вчера му изразија поддршка, оценувајќи дека неговото разрешување е по налог на власта, за саботниот протест се најавува собир пред Патријаршијата во Белград, од каде со литија ќе биде организирано движење до плоштадот Славија, каде е закажан протестот.

Во сабота, на 23 мај 2026 година, во Белград ќе се одржи голем студентски протест. Официјалниот почеток е во 18:00 часот на Плоштад Славија, додека собирања во различни делови на градот се најавени и порано. Во тој дух, а со цел поддршка на студентите и уредувањето на нашата земја, ги повикуваме сите православни христијани, вистински светосавци и членови на нашата Српска православна црква да земат учество на светосавски начин. Собирот ќе биде кај Патријаршијата, пред Соборниот храм во Белград, во 15:00 часот истиот ден. По собирањето и формирањето на литијската поворка, ќе се тргне кон Славија како место на централното собирање, стои во повикот.

Организаторите посочуваат дека како граѓани на Србија и членови на СПЦ, сакаат мирно, молитвено и достоинствено да ја изразат поддршката на сите кои страдаат заради Вистината и Правдата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here