Почетна Вера МПЦ-ОА Во Радика по светиот крст скокнаа околу 200 лица, најсреќен Томица Петкоски од Тетово
Во Радика по светиот крст скокнаа околу 200 лица, најсреќен Томица Петкоски од Тетово

Во Радика по светиот крст скокнаа околу 200 лица, најсреќен Томица Петкоски од Тетово

433
0

Тетовчанецот Томица Петкоски  го фати осветениот крст во Радика, што беше положен по повод денешниот голем христијански празник Богојавление – Водици.

-Оваа година имавме рекордна бројка од околу 200 луѓе кои учествуваа во извлекувањето на крстот од бистрите води на реката Радика. Истите тие, најпрвин присуствуваа на Божествена Литургија во храмот посветен на Пресвета Богородица во село Ростуше, со која чиноначалствуваше нашиот старец, епископот Антаниски, г. Партениј, изјавија за МИА сестра Ефимија.

На Литургијата присуствуваа голем број верници, како постојани жители така и оние кои сега живеат во други градови но со своите потомци се тука по повод овој голем празник.

– Глетката беше воодушевувачка, и дворот и храмот изгледаа прекрасно, беа преполни со луѓе кои дојдоа да го прослават Богојавлението на нашиот Господ Христос, а потоа заедно со нас, монасите, во голема литија се спуштија до студената Радика, каде што се случи големото осветување на водите и полагањето на светиот крст. Оваа година, пак, тој беше извлечен од Томица Петкоски, додаде сестра Ефимија.

Пресреќниот Петкоски упати желби за добро здравје и благосостојба за сите.

– Бог се јави. Навистина се јави. Пресреќен сум. Посакувам многу здравје, среќа и радост на сите и благосостојба во државава, порача Петкоски.

По традиција и овој пат на положувањето на светиот крст во водите на Радика присуствуваа претставници на локалната власт на општина Маврово и Ростуше, предводени од  градоначалникот Медат Куртовски, кој на Петкоски му подари телевизор.

Дар компјутер Петкоски доби од  директорот на МЖ Инфраструктура, Хари Локвенец, кој 25 години е со оваа манифестација.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *