Околу 500 хрватски верници предизвикале паника и почнале да бегаат откако здогледале човек со арапско потекло кој влегол во црква и според нив наводно чудно се однесувал, јавуваат западните медиуми.
Човекот на возраст од 33 години влегол во црквата Свети Тома Морус во Есен, Германија. Тој почнал да оди наоколу, поради што верниците почнале да бегаат. Во еден момент нешто пукнало и настанала паника. Околу 500 луѓе тргнале кон вратата и 2 жени се полесно повредени.
Неколку постари верници добиле лекарска помош поради претрпениот стрес. Сепак, муслиманот ниту бил вооружен, ниту имал експлозив со себе.

