Почетна Вести Регион Во Грција и во црква мора со потврда за вакцинација или со тест
Во Грција и во црква мора со потврда за вакцинација или со тест

Во Грција и во црква мора со потврда за вакцинација или со тест

223
0

Грчката православна црква побара од своите верници на службите да присуствуваат со потврда за вакцинација или со негативен тест на коронавирусот, зашто во таа земја се забележани рекордни 6.808 нови случаи на зараза.

Светиот синод на Грчката православна црква ја упати оваа препорака до сите парохии во земјата, но не е наведено дали нејзиното спроведување е задолжително.

Во Грција минатата година верските служби неколку месеци беа откажани поради пандемијата, но владата одбиваше да воведе задолжителна вакцинација или тестирање за влез во црквите.

Црквените службеници бараат од верниците да ги почитуваат насоките на лекарите, а во средата епископот на островот Лезбос потпиша наредба за суспензија на невакцинираните свештеници.

Во Грција вчера беа регистрирани 6.808 нови случаи на ковид-19, што е најмногу од почетокот на пандемијата. Претходниот рекорд беше во вторникот – 6.700 нови случаи на инфекцијата.

Здравствените службеници соопштија дека ситуацијата се влошува и дека пополнетоста на одделението за интензивна нега е зголемена на 87 отсто од 70-те отсто пред три недели.

Во Грција, која има околу 11 милиони жители, од последиците на коронавирусот починале повеќе од 16.000 луѓе.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *