Почетна Вера МПЦ-ОА Во Делчево дечињата во Бадниковата поворка го навестија Христовото раѓање – Божик
Во Делчево дечињата во Бадниковата поворка го навестија Христовото раѓање – Божик

Во Делчево дечињата во Бадниковата поворка го навестија Христовото раѓање – Божик

163
0

Втора година по ред во Делчево се одржа Бадникова поворка. Во поворката учествуваа околу стотина дечиња на кои им се придружија родители и заинтересирани граѓани со што низ делчевските улици се пееше „Вечниот Бог”, на тој начин навестувајки го Христовото раѓање – Божик.

-Носејќи во раце златни ѕвездички и пештера што е симбол на витлеемската пештера, во која е роден Исус Христос и пеејќи ја песната „Вечниот бог”, децата се движеа низ градските улици почнувајќи од црквата „успение на пресвета Богородица”, до парклисот посветен на свети Климент Охридски и повторно назад до црквата, истакнаа од црквата по повод денешниот настан.

По завршувањето на поворката, децата добија пригодни подароци кои црквата ги обезбеди со помош на хумани граѓани и општествено одговорни фирми од Делчево.

Претходно во црквите во Делчево се одржа утринска богослужба на кој граѓаните масовно присуствуваа притоа кршејки Бадникови гранчиња од Божиќната пештера. Од свештенството ги поканија присутните да присуствуваат на утрешната богослужба по повод Христовото раѓање – Божик.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *