Почетна Uncategorized Во Албанија, Исламската заедница не исклучува и привремено затворање и на џамиите
Во Албанија, Исламската заедница не исклучува и привремено затворање и на џамиите

Во Албанија, Исламската заедница не исклучува и привремено затворање и на џамиите

170
0

Исламската заедница во Албанија објави соопштение до верниците и на социјалните мрежи, а во него прво се потенцира сериозноста на ситуацијата, а потоа и се цитира пророкот Мухамед дека „кога ќе слушнете дека некаде има епидемија, не одете на тоа место“. Цитатот се користи за да се испрати порака:

„Карантинот и излегувањето без потреба е мерка за претпазливост што треба да се преземе во вакви случаи“, се вели во дел од соопштението на Исламската заедница на Албанија.

Потоа, Исламската заедница соопштува дека од муфтиите се побарани четири мерки за претпазливост:

1.Муфтиите и нивните помошници активно да придонесат во кревањето на свеста кај верниците за коронавирусот, а на старите и на лицата со хронични заболување да ги советуаат да вршат верски ритуали по дома;

2.Да се намалат масовните собири, како предавања, курсеви и разни активности во џамиите. Зависно од состојбата во вашето место на живеење, да се откаже и петочната молитва;

3.Секојдневните молитви, се препорачува, да не се вршат групно и организирано. Во исто време „езанот“ да остане во исто време за сите џамии;

4.Строго да се почитуваат и спроведуваат сите пропораки дадени од релевантните власти во нашата земја како и од Светската здравствена организација.

Соопштението на Исламската заедница на Албанија завршува со молитва, ситуацијата да помине без последици за сите граѓани на земјата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *