Владиката Јосиф на средба со градоначалничката на Тетово Арифи

Date:

Share post:

Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, имал средба со градоначалничката на Општина Тетово Теута Арифи.

Веста за средбата ја објави информативната служба на епархијата, но нема детали за што разговарале Владиката Јосив и Теута Арифи.

Единствената информација е дека градоначалничката му ги честитала Божиќните празници како и празниците кои престојат.

Од амбиентот на фотографиите може да се заклучи дека средбата била во седиштето на Тетовско-гостиварската епархија, односно градоначалничката Арифи била гостин на владиката.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img