Почетна Вести Христијанство Владиката Агатангел ќе учествува, но нема да го предводи денешниот протест
Владиката Агатангел ќе учествува, но нема да го предводи денешниот протест

Владиката Агатангел ќе учествува, но нема да го предводи денешниот протест

183
0

Иако за денешниот протест за зачувување на идентитетот и на уставниот суверенитет на Република Македонија, беше најавено дека ќе биде предводен од Владиката Агатангел, сепак тој за „Макфакс“ изјавил дека ќе биде учесник, но не и предвоник.

Тој не одговорил на прашањето зошто не го почитува генералниот став на МПЦ дека свештените лица не смеат да се мешаат во политиката.

-Вие гледајте си ја вашата, јас мојата работа, рекол кусо владиката Агатангел

Протестот  е најавен за денес во 18 часот пред ЕУ инфо-центарот, од каде што демонстрантите ќе се упатат кон Собранието. Тие имаат барање да се стави крај на преговорите за името со Грција, повлекување на законот за јазиците, поништување на договорот со Бугарија, како и ослободување на притоврените за настаните во Собранието на 27 април.
/МакФакс

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *