Кандидатот за градоначалник на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска најави проект за изградба на најголемиот парк во Волково, кој ќе стане нова зелена оаза на градот.
-Овде ќе никне излетнички центар од 30.000 квадратни метри, со пешачки и велосипедски патеки, детски и фитнес зони и современо еколошко осветлување. Паркот Волково ќе биде место што живее и дење и ноќе, со светло, живот и свежина, истакна Проданоски.
Вели дека паркот ќе биде простор за семејства, за децата да растат и за граѓаните да уживаат во почист и поздрав град. Според него, овој проект не претставува само инфраструктурна инвестиција, туку значаен чекор кон поубав, одржлив и зелен Прилеп.
Проданоски истакна дека со реализацијата на овој парк, Прилеп ќе добие место за рекреација, одмор и заедништво, кое ќе го подобри квалитетот на животот на граѓаните и ќе ја зајакне поврзаноста на заедницата.

