Еден одговор за толку многу поставувани прашања откако стигна признавањето , кој, со кого, зошто, во право ли се, а треба ли, нели може… Србија, Москва, Константинопол…
“По тоа сите ќе познаат дека сте Мои ученици – ако имате љубов помеѓу себе!” Јован 13, 35
И кога каноните ќе ја надвишат и поразат љубовта ќе може ли некој да нè познае чии сме? И не ќе станеме ли театар на светот? Сечии ќе сме во поделбите, само свои и на Христа не знам дали ќе сме.
Оти многу ни дал Христос нашиот Гопод Бог, а толку малку бара од нас. А ние, и тоа малкуто сме спремни со многу човечки мудрости и судови да го искомплицираме и на крај пак да не го исполниме.
Верувам во поразумни денови. Верувам дека поделбите на мои, твои, наши, ваши, нивни ќе згаснат како што гасне огнот под силниот дожд.
Сепак надежта последна умира за човекот.
А за нас пак, Христијаните, никогаш не умира, бидејќи Христос Воскреснатиот е нашата Надеж и Љубов која ќе победи секое човечко мудрување.
Пишува: Отец Пимен (Фејсбук статус)