Верски календар: 03 април
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/Св. Агапа и Хионија.
Агапа и Хионија биле родени во Солун. Во 304 година, за време на прогонства на царот Диоклецијан биле измачувани поради тоа што верувале во Христос и бидејќи ги сокриле светите книги кои тој сакал да ги уништи. Со својот свет христијански живот покажале дека се верни наследнички на христијаните од Солун.

