Украинската црква му испрати протестно писмо на архиепископот Јероним поради митрополитот на Крф

Date:

Share post:

Православната црква на Украина испрати отворено писмо до архиепископот атински и на цела Грција, Јероним, и до Светиот синод на Црквата на Грција, со кое официјално протестира против активностите на митрополитот Нектариј од Крф, Паксос и Диапонтиските острови.

Одлуката била донесена на седницата на Светиот синод на украинската црква, одржана на 19 ноември во Киев, а писмото е потпишано од митрополитот Епифаниј, поглавар на Православната црква на Украина.

Како главна причина за реакцијата се наведуваат посетата на митрополитот Нектариј на Русија, неговите јавни настапи во кои, според украинскиот синод, дал поддршка на ставовите и дејствувањето на московскиот патријарх Кирил, како и одликувањето што го примил од него. Украинската црква наведува дека Нектариј најавил и доделување сопствено одликување на рускиот патријарх.

Вториот повод за протестот е отворањето таканаречен „монашки дом“ на островот Крф, под надзор на митрополитот Нектариј, а поврзан со митрополитот Онуфриј Березовски, кој раководи со Украинската православна црква поврзана со Московската патријаршија.

Според соопштението на украинскиот синод, во овој дом била отворена и капела посветена на преподобните отци од Киево-печерската лавра. Украинската црква оценува дека ваквата иницијатива претставува сериозно мешање во црковните работи на автокефалната Православна црква на Украина.

Во писмото до архиепископот Јероним, украинските архиереи изразуваат почит кон Црквата на Грција и потсетуваат на поддршката што ја добиле од неа во изминатите години. Истовремено, прават јасна разлика меѓу ставовите на грчкиот архиепископ и постапките на митрополитот Нектариј.

„Митрополитот Нектариј, земајќи со себе голема светиња – моштите на свети Спиридон Тримитунтски, замина во Русија, која води агресивна војна против Украина, и таму ја фалеше таа држава, создавајќи впечаток дека ништо од она што го прави Русија не заслужува осуда“, се наведува во писмото.

Украинскиот синод смета дека активностите на митрополитот Нектариј придонесуваат за поддршка на руската агресија, ширење на идеологијата на „рускиот свет“ и продлабочување на црковните поделби во Украина.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img