Турција, Пакистан и Саудиска Арабија формираа регионален воен сојуз – напад на една земја, ќе се смета за напад на сите

Date:

Share post:

Турција, Пакистан и Саудиска Арабија денеска потпишаа договор за колективна одбрана, соопшти пакистанското Министерство за надворешни работи, пренесува АП.

Во заедничкото соопштение на трите земји е наведено дека договорот е наменет за засилување на колективното одвраќање од секаков облик на агресија.

Договорот предвидува дека секој вооружен напад на една од трите држави ќе се смета за напад на сите потписнички, како и унапредување на сите аспекти на соработрка меѓу Турција, Пакистан и Саудиска Арабија.

Документот е потпишан за време на состанокот на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и пакистанскиот премиер, Шехбаз Шариф.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img