Црквата на Кипар ги утврди условите за укинување на санкцијата против поранешниот митрополит Тихик од Пафос

Date:

Share post:

Светиот синод на Црквата на Кипар преку официјално соопштение ги прецизираше условите под кои може да биде укината црковната санкција против поранешниот митрополит на Пафос, Тихик, кој беше разрешен од должност.

Синодот наведува дека за евентуално укинување на мерката се потребни конкретни и видливи чекори од негова страна во однос на неговиот став кон Црквата и светите канони, како и кон неговото однесување кон црковното тело. Целта, според соопштението, е обновување на канонскиот поредок, зачувување на црковното единство и запирање на постапки кои предизвикуваат немир и соблазна меѓу верниците.

На вонредната седница одржана во четвртокот, Светиот синод детално го разгледал случајот на поранешниот митрополит. При тоа било земено предвид дека одлуката за негово разрешување, донесена на 23 мај 2025 година, беше едногласно потврдена и од Вселенската патријаршија.

Синодот констатирал дека Тихик одбил да ги исполни условите што претходно му биле поставени, како и да ги прифати повиците и опомените упатени од страна на Вселенската патријаршија. Исто така, било оценето како неприфатливо неговото обраќање до граѓанските судови, што според црковната практика претставува недозволена постапка.

Во соопштението се наведува и дека неговите јавни изјави и активностите на мала група следбеници – „зилоти“, предизвикале вознемиреност меѓу верниците, како и обиди за создавање поделби во рамките на самиот Свети синод.

Како резултат на тоа, Светиот синод одлучи да му изрече санкција на неопределено време, која ќе остане на сила сè додека поранешниот митрополит Тихик:

– не ја достави побараната писмена исповед на верата;

– не го повлече или јасно не се откаже од обраќање до граѓанските судови;

– не ја осуди апостасијата, односно одвојувањето од Црквата;

– не прифати нови должности во рамките на Светата архиепископија на Кипар, според назначување од архиепископот;

– не ги прекине постапките кои предизвикуваат немир и соблазна во Црквата.

Од Црквата на Кипар нагласуваат дека сите мерки се преземени со цел зачувување на црковното единство и канонскиот поредок.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img