Почетна Вести Свет Талибаните ветија заштита на шиитските џамии
Талибаните ветија заштита на шиитските џамии

Талибаните ветија заштита на шиитските џамии

141
0

Талибанските власти во Авганистан ветија во саботата дека ќе ја зголемат безбедноста на шиитските џамии, откако стотици луѓе беа на погрените на жртвите од втортиот самоубиствен бомбашки напад во една седмица насочен против шиитите.

Ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава ја преземе одговорнсота за нападот врз џамијата Фатима во покраината Кандахар кои го извеле бомбаши самоубијци во текот на традиционалната петочна пладневна молитва.

Здравствените власти објавија дека бројот на загинатите во моментов изнесува 41, но би можел да порасне бидејќи меѓу 70-те ранети има повеќемина во критична состојба.

Во саботата мноштво луѓе присуствуваа на погребните церемонии на жртвите од нападот во јужниот град Кандахар и тамошниот полициски началник објави дека специјалните единици ќе бидат распоредени околу шиитските џамии. Досега за безбедноста на шиитските светилишта се грижеа волонтери со дозвола за носење оружје.

„За жал, не можеа да ја заштитат оваа област и во иднина специјалните безбедносни сили ќе ги чуваат џамиите и медресите“, објави еден од портпаролите на талибаните на Twitter.

Нападот врз џамијата Фатима, најголемата шиитска џамија во Кандахар, беше изведен една седмица по нападот врз џамијата во Кундиз во кој на 8-ми октомври беа убиени 80 луѓе.

Повеќето шиити во Авганистана се Хазарејци, етничка група којашто го зборува персискиот јазик. Заедницата на Хазара шиитите е најсиромашната етничка група во земјата, и изнесува околу 22 отсто од населението на Авганистан. Нејзините припадници често се цел на масовни киднапирања на убиства, што во минатото и во време на владата која ја подржуваше Западот, предизвикаа неколку големи шиитски протести во Кабул и во други градови.

Кога талибаните кон средината на август ја преземаа власта, тврдеа дека ќе се пресметаат со ривалската Исламска држава која од тогаш изведен десетина смртоносни напади. Се проценува дека во моментов во Авганистан има околу 2.000 борци на Исламската држава. Според медиумски и информации од Блискоисточниот регион, последниот период некои земји организирано ги ослободуваат од затворите нејзините борци и главно од Сирија и Ирак ги префрлаат во Авганистан.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *