Генералниот секретар нa Светскиот совет на црквите, Џери Пилеј, изјави дека најавената решеност на Владата на САД да поседува и контролира Гренланд е во директна спротивност со волјата на народот на Гренланд и со нивната јасна политичка насока кон независност.
„Ова е еднакво на неоколонијализам“, истакна Пилеј. Тој нагласи дека ССЦ ѝ се придружува на позицијата на поглаварот на Евангелско-лутеранската црква на Гренланд, упатувајќи апел до сите Американци кои веруваат во слободата, достоинството и правото на народите самите да го избираат својот пат. Според него, тие треба да извршат притисок врз своите избрани претставници и врз сопствената влада за да го поддржат правото на Гренландците сами да ја определуваат својата иднина.
Пилеј додаде дека народот на Гренланд има неотуѓиво право на самоопределување и дека се наоѓа на јасен пат кон независност, што е потврдено и од нивните избрани претставници, но и од Владата на Данска.
„Нивните права и ставови мора да бидат сериозно разгледани и почитувани“, порача генералниот секретар на Световниот совет на црквите, нагласувајќи дека секој обид за наметнување на надворешна контрола е спротивен на основните принципи на слобода и меѓународна правда.

