Почетна Вести Европа Св. Четворица – московска духовна школа
Св. Четворица – московска духовна школа

Св. Четворица – московска духовна школа

510
1

Св. Троица и рускиот Патријарх, Рускиот патријарх и св. Троица, или Св. Четворица? Слика потртрет на Рускиот патријарх Кирил стана вирална на социјалните мрежи меѓу црковната јавност која уште еднаш ја покажува глорификацијата што Русија ја прави од Патријархот Кирил величајќи ја неговата „света“ улога во Православието. Многу теолози на земаа за потсмев иконата портрет, коментирајќи ја како „ново црковно учење за св. Четворица“, кое секако доаѓа од Москва.

-Се разбира дека таму му е местото. Тој им заповеда и на светителите – им дава послушанија кој ред на војски да покровителствуваат, напиша во коментар, Архимандритот Никанор.

И познатиот теолог, Сегеј Чапнин ирончно го коментира „новиот култ на „Светата четвртвртност“ што цвета во Московската патријаршија“.

-Позиција на егзекуција во модерното време… Можеби, во ред, да му се поклониме на „Светиот четириаголник“ ако тоа е она што тие го сакаат? Патријархот може се, напиша Чапнин на Фејсбук.

Коментар(1)

  1. Ох, барем ние да не тераме шега на овие теми. Со овој портрет теолошки се’ е во ред: зад Патријархот Московски и на цела Русија стои Пресвета Троица, Троичниот Бог му дава ветар во грб на Рускиот Патријарх, што е повеќе од добро. Ама во нашиот најново осветен, долгоочекуван од сиот народ Манастир на Светото Преображение фреските се на ниво на недоделканата црковна уметност од времето на комунизмот, кога одличните, естетски посовршени и теолошки добро подготвени иконописци и фрескописци недостасуваа. Во Манастирот на Тоше Проески Света Троица се претставува како млад човек и дедо чучнати еден до друг, а шпиртосано гулапче стои ниско во средина над нив (демек и двајцата, Отецот и Синот ги исполнува со Светиот Дух), што може да биде стара добра небулоза теолошки сервирана за селските бабички и суеверните моми што не можат да си најдат маж, но не и православна икона на Света Троица. И тоа во Македонија, каде класни иконописци имате во секој град, ама од којзнае која причина ангажирале некој бугарски веројатно самоук “зограф”, кој дури се пофали како на откинум доаѓајќи на по неколку месеци поседок и неверојатно брзо успеал да го фрескописа целиот храм! За волја на вистината човекот беше многу пријатен, но сета таа фама околу сослужувања, томоси, ктиторството на Тоше, поклониците од цел Балкан итн. – како да се проголта во оваа збрка? Кој го викнал талентот од Бугарија? И кој сакал да го декласира Манастирот на еден ктитор како Тоше Проески (кон кого лично и немам длабок однос, ама народот има, а и тој кон Господ очигледно имал)? Да си го сметиме прво нашиот двор, и тоа за наша полза, а Русите убаво си го чистат својот, бидете сигурни! Тоа што некој сака да го озборува Московскиот Патријарх е негов срам и грев, тоа што реален повод за озборување нема е благодат и полза за самиот Патријарх. Секаде и во сите овие написи за жал, критериум не е ниту Богочовекот Христос ниту Евангелието, туку некаква магла во некоиси црковни кулоари која открива подзатемнети лица на периферијата на Црквата како Тело Христово, луѓе кои изгледа одвај за конец се држат за тоа Тело. Се разбира, некои од нив дури и во мантии (се надевам дека впечатокот што го оставаат по социјалните мрежи и по медиумите е погрешен и дека ќе станат свесни за него и за себе).

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *