Српскиот патријарх Порфириј на својата фејсбук страница сподели фотографии сликан со јагниња и телиња, од посетата на имотот на манастирот Високи Дечани на Косово.
Порфириј, кој за Велигден служеше во Пеќката оатријаршија, во понеделникот, по Светата литургија, го посетик имотот на манастирот Високи Дечани.
-Имотот претставува важен дел од опстанокот и самодоволноста на оваа древна српска светиња, напиша Српскиот патријарх.
Тој бил во придружба на митрополитот рашко-призренски Теодосиј и архимандритот Сава, игумен на манастирот,
-Патријархот се запозна со секојдневниот живот, работата и подвигот на монашкото братство, како и со нивниот труд за зачувување и унапредување на манастирскиот имот, пишува во објавата.

