Брсјаците, заборавеното српско племе, е насловот на документарната емисија што ја објави српската РТС, во која оваа македонска група население ја претставува како српско племе.
Документарецот е сниман во села во Демирхисарско. Во него се раскажува историјата на Брсјаците, а како доказ за нивното српско потекло, авторот наведува дека Брсјаците на своите синови им давале имиња Србин.
Паралелно со овој документарец, РТС периодов емитува и серијал за српските манастири во Македонија. Тие се снимани со благослов на Архиепископот Стефан и Патријархот Порфириј.


Ха-ха, според историските извори мнозински Берзити (Брсјаци) имало и има на многу места во Европа (на пример, во Брест, Белорусија, во средниот век биле релативно консистентно племе присутно дури во 10 градови во Европа), но само незначителен број во Косово и Србија. Ако се ваши, зошто не си ги побарате кај вас? Е сега, во своите детални потраги не толку по зајакнување на српското историско наследство (кое е доволно силно, но веројатно и недоволно мотивирачко за младите српски поколенија подлегнати на белосветската култура на апсолутна удобност и неприкосновен хедонизам) но заради јакнење на разводенетиот патриотски дух за современи и идни предизвици, националните српски инситуции решија да се раскомотат во соседна Македонија, па дури и да ја обвинат за помакедончување на кутрите древни Срби?! Што би рекле вие, браќо Срби: ово нема ни у Београду! Не верувам дека грешам, но никогаш, ама никогаш Македонија не ја окупирала Србија (царската слава ви прилегала вам, богочовечката чест ни останува нам!). Значи, како тоа Македонците ги асимилирале Србите на македонска територија? Кој да сними емисија за тоа како беа “посрбувани” сите Македонци (што не е вистинскиот збор, бидејќи народот си го задржа својот македонски идентитет, дури во 1913 ви крена и Тиквешко востание, си се знае дека од српска страна презимињата беа насилно менувани во српски верзии) за време на Кралството СХС и на Кралството Југославија – кој и зошто да го објавува одново тоа, ние или вие? Намерите на вашите нови историски емисии се јасни, но резултатот е опасен само за вас. Значи, српските презимиња, по ослободувањето од фашизмот и од секоја друга окупација луѓето си ги вратија во македонски облик. Ако некој македонски шутрак (или можеби некој вистински Србин) се видел себеси како Србин заради надгробниот натпис на името на дедо му од времето на српската окупација на Македонија, па се вратил на српско презиме, нека му е на здравје. Само, можел да остане доследен на своето српство, па и да си замине во Србија, меѓу своите. Чисто да не трпи угнетување во иднина ни тој ни неговите потомци. Можеме ние дури и вашите славни цареви што владееле во Македонија да ги нарекуваме окупатори наместо добротворци, но нашето прашање на чест не зависи од разбистрување на матните води на таа историја. Знаете, историјата ја искривува тој кого што се’ уште го боли ранетото властољубие. Ние немаме такви болки. Барајте си ја среќата на друго место. И бидете покреативни. Постојат многу успешни модели за јакнење на современиот патриотизам. Меѓу нив не е продавањето магла за изгубените племиња и урнатите дворци.
Кај нас никој не обрнува внимание, одмавнуваат со рака, но ова може да биде многу опасно во свое време.
Не е воопшто наивно.
Се билда умот и духот на српскиот народ!