Сотировски ги сослуша охриѓани за реконструкцијата на Али Пашината џамија

Date:

Share post:

Реконструкцијата на Али Пашината џамија во Охрид била една од темите на средбите на директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Дарија Сотировски во верските претставници и институциите во Охрид.

Покрај со претставници на верските заедници и локалната власт, Сотировски имл средби и со претставниците на здружението „Совест“, кои долго време јавно искажуваат загриженост поради градежни работи на Али Пашината Џамија во Охрид, но и со директорката на Заводот за заштита на културното наследство Охрид, Елеонора Новаковска.

Како што соопштува КОВЗРГ, претставниците на „Совест“ искажале благодарност за средбата бидејќи до сега се чувствувале игнорирани од повиканите општествени чинители.

-Тие го информираа директорот детално во однос на нивните наводи, запознавајќи го со сите пропратни аргументации. Директорот Сотировски истакна дека сите отворени прашања што задираат во верските чувства макар на еден граѓанин од нашата држава, навлегуваат во најсензитивната сфера и мора многу сериозно да им се пристапува. Комисијата за односи со верските заедници го афирмира својот став решенијата за ваквите прашања да се бараат во отворен разговор меѓу страните, во согласност со закон и постапките предвидени во законот. Во следниот период Комисијата ќе ја мотивира соработката во наоѓање меѓусебно разбирање, стои во соопштението на КОВЗРГ.

На средбата со директорката на Заводот за заштита на културното наследство било разговарана за државниот интерес во заштитата на целокупното културно богатство што го поседува Охрид, како и за сите негативни постапки кои го загрозуваат неговиот статус на заштитен град од УНЕСКО изминатите години.

-Беше потенцирана важноста од продлабочена соработка и зголемена активност помеѓу повеќе државни институции во интерес на градот кој не прави горди и препознатливи пред целиот свет. Директорот Сотировски се информираше и за повеќе конзерваторски проекти и стадиумот на нивната реализација, стои во соопштението на КОВЗРГ.

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img