Почетна Вера Еврејска заедница Сотировски: Евресјката заедница е пример за негување позитивни вредности
Сотировски: Евресјката заедница е пример за негување позитивни вредности

Сотировски: Евресјката заедница е пример за негување позитивни вредности

145
0

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, им го честиташе еврејскиот празник Пасха на припадниците на еврејската заедница во Република Македонија.

-Одбележувањето на овој празник кај еврејскиот народ е поврзан со симболот на слободата како универзална вредност на секој човек. Слободата е фундаментално човеково право кое претставува темел на еден подобар и похуман свет. Пораката на Песах е да нè поттикне на размислување дека слободата на човекот, вклучувајќи ја и неговата цврста вера во Бога се духовна сила пред која замолкнува секое зло и ги победува сите предизвици. Заемното почитување и цврстата верба во светлата иднина на секој човек се духовната сила која придонесува за остварување на неговите највисоки идеали. Еврејската заедница во Македонија со своите активности и заложби претставува вистински пример за негување на овие позитивни вредности во нашето општество, стои во честитката.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *