Сопругата на Вучиќ се сликаше со Рускиот патријарх

Date:

Share post:

Сопругата на српскиот претседател Аленксандар Вучиќ, Тамара Вучиќ била на литургија во Москва, истиот ден кога со Рускиот патријарх Кирил, сослужуваа владиците на МПЦ-ОА, Петар и Никола.

На празникот на Свети Сергиј Радонежски Чудотворец, на 8 октомври 2025 година, по светата Литургија во Троице-Сергијевата лавра, Неговата Светост, Патријархот на Москва и на цела Русија, г. Кирил, имал разговор со г-ѓа Тамара Вучиќ, сопругата на претседателот на Република Србија, објави СПЦ.

Според соопштението на СПЦ, во разговорот со својата гостинка, Неговата Светост Патријархот г. Кирил го пофалил трудот и личните квалитети на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, и нагласил дека неговите молитви се со претседателот и со српскиот народ. На крајот од средбата, Неговата Светост ѝ подарил на г-ѓа Вучиќ икона на Пресвета Богородица. За возврат, г-ѓа Вучиќ му се заблагодарила на Патријархот за можноста да разговараат и му подарила книга за Србија.

СПЦ пишува дека на средбата присуствувале: Митрополитот Волоколамски Антониј, претседател на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија; Епископот Ремезијански Стефан, старешина на Подворјето на Српската Православна Црква во Москва; и протоереј Николај Балашов, советник на Патријархот на Москва и на цела Русија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img