
Соочување со реалноста
На покана од Неговото Високопресвештенство Доростолскиот митрополит Јаков, Неговото Високопреосвештенство Кумановско-Осоговскиот митрополит Григориј од Православната црква на Северна Македонија, отслужи празнична архиерејска вечерна со петолебие во соборната црква „Свети апостоли Петар и Павле“, објави Доростолската митрополија на Бугарската Православна црква.
Митрополитот Григориј бил гостин на Бугарската црква два дена, служел и утринска лиургија следниот ден на 18 јули, заедно со својот домаќин.
Сослужувањето на Григориј со бугарските архиереи само по себе е добра вест, бидејќи го покажува единството на МПЦ-ОА со останатите помесни православни цркви. Но она што сепак заслужува внимание за анализа се двојните принципи.
Во веста што Доростолската митрополија ја објави за сослужувањето, Митрополитот Григориј е претставвен како владика на Православната црква на Северна Македонија. Ниту „Македонска“, ниту пак „Охридска Архиепископија“, туку едноставно Православна црква на Северна Македонија.
Ставот и позициите, а особено мотивите на БПЦ за таквото именување на МПЦ-ОА се јасни и за нив нема потреба од дополнителна анализа.
Григориј во Македонија е претсавен како „најголемиот патриот“ заштитник на името „Македонска Православна Црква“, новеројатно само за по дома. Надвор кога служи по се изгеда не му пречи што го именуваат како владика од Православната црква на Северна Македонија.
Григориј во Макдонија е нејголемиот застапник на ставот дека Томосот на СПЦ и гарантирал чиста автокефалност на црквата со име МПЦ-ОА. И затоа добро е што владиката требаше да отиде до Доростол (место кое патем има интересна историска симболика со Охридската Архиепископија), за да сам се увери што во пракса значи српскиот Томос за автокефалност, бидејќи токму повикувајќи се на него, Бугарската црква и тури име на МПЦ-ОА – Православна црква на Северна Македонија, а на Архиепископот Стефан – Северномакедонски архиепископ.
Интересно е и тоа што за овој настан досега Кумановско-осоговската митрополија не извести.
Па у српском Томосу управо то и пише, да се за име очекује да са другим црквама МПЦ решава то питање.
Тогаш тоа и не е вистински Томос за автокефалност. ‘Автокефалноста’ по дефиниција е признавање на полнотата на даровите на Светиот Дух. Ако оној кому му ја признаваш автокефалноста го сметаш за неспособен ни да се именува себеси вистинито, во согласност со Промислата Божја за себе – што е тоа што го признаваш како автокефалност тогаш? Прифаќаш многу нешта, но го оспоруваш неговиот идентитет или белото камче што му го дава Господ на оној кој победува? Овие забелешки не се само на адреса на СПЦ (за волја на вистината тие не’ нарекуваат со уставното име на нашата Црква) туку на секого во нашето кутро Православие кое не жали да се валка себеси во калта на Гадаринските свињи, а потоа ни сите мориња на светот не му се доволни да го измијат срамот на поклонувањето на кнезот на вој свет (во случајов духот на евроатлантските идеологии).
Pa točno taka= Pravoslavna crkva na Severna Makedonija, oti na drugata teritorija, istočna, južna i zapadna ne se spomnuva jurisdikcijata na MPC, kako taa teritorija da ne e sostavena del na ovaa Severna Makedonija.
По логиката на коментаторот DJOKO Зеленски е поголем теолог од цело Парвославие низ вековите заедно, Цариградскиот Патријарх е Поглавар само на тие 2000 православни Грци што живеат во современа Турција, Српската Православна Црква нема право да организира или да раководи со манастири во Хрватска, Црна Гора и сл., сите црковни храмови и манастири во Америка се јурисдикција на Американската Православна Црква и ничија друга итн. итн. Така вели „духот на овој свет“, тоа безсуштинско световно толкување на каноните на Црквата. Така вели и Djoko. Така велат разни епископи, поглавари на Помесни Цркви во границите на ЕУ. Каква интересна New Age еклисиологија! За неа Црквата (Телото Христово) треба да се обликува според тоа како светот ги менува своите облици. А не обратно: Господ да е Тој Кој ќе го преобразува светот според Неговиот План и Промисла за спасение на народите. Ама православниот New Age (во извесна смисла производ на евроатлантските идеологии и сојузи) греши! Господовата теологија е во секој поглед недостижно далеку над човечката технологија. Ќе падне и нема да стане. Веќе падна. И dobro се наѕира нејзиниот ужасен крај.
Со други зборови: името Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија подразбира дека тоа е Црква на богоспасуваниот македонски народ денес и низ вековите (без оглед какви се границите на државата во којашто денес тој живее и во кои други држави негови етнички заедници живеат. Тоа го означуваат и сите други имиња на Помесните Православни Цркви: на Руската Православна Црква, на Грчката Православна Црква, на Српската Православна Црква и безмалку на сите автокефални Помесни Цркви (со исклучок на Цариградската, којашто повикувајќи се на историското наследство иако нема своја територија, држава во чии рамки дејствува како национална Црква, сепак фактички има јурисдикција над Грците исселени од Мала Азија, таа со губењето на териотириите на коишто малоазиските Грци живееле, а кои потпаднале под турска бласт, стана изразено присутна во дијаспората, во земјите на Новиот Свет – значи, и нејзината јурисдикција претежно произлегува од расеаноста на нејзиниот народ по светот, а не од територијалните граници во кои таа денес во вид на историска доследност пребива (а да не говориме за Света Гора, којашто сепак е во границите на државата Грција): државата Турција е во огромен процент населена со муслиманско население; таа Цариградска Патријаршија се повикува и на својата славна историја од првите десетина века, кога одиграла улога на Мајка-Црква за неколку други Помесни Цркви, но во поглед на следењето на правилото ‘една Помесна Црква во границите на една држава’ таа е на врвот на самата канонска недоследнот). Господ во своето Евангелие зборува за спасување на племињата и народите, не за спасување на државите (Нему Му се јасни сите геостратешли игри на кнезот на овој свет, затоа и не сака да зборува за политиката, дури ни за политиката во Неговата земна Татковина. Само еднаш го спомнува Ирод, велејќи: „Кажете и’ на таа лисица: Еве, истерувам бесови и исцелувам денес и утре, ина третиот ден ќе свршам“ (Лука 12 – 13, 32), и тоа само откако го известиле дека Ирод сака да Го убие. Неговиот повик во таа смисла е: „Одете, научете ги сите народи, крештевајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух“ (Матеј 28, 19). Политичките сојузи, констелации, итн. за Него се минливи, фактички се такви, но народите и племињата остануваат во веки, без оглед каква е историјата на секој од нив.
Реалността е, че МПЦ е канонична църква и е в общение със всички православни. А как кой и казва е въпрос на вкус. Все ми е едно дали съм от БПЦ, от Софийска патриаршия или от ПЦ на България. Стига драми.