Солунската митрополија на Грчката православна црква објави финансиски извештај за хуманитарните активности за 2025 година, во кои се гледа дека оваа епархија под водство на митрополитот Филотеј, испорачала помош за социјални активности во вредност од 3.800.000 евра.
Во извештајот пишува дека акциите на Митрополијата опфаќаа широк спектар на потреби на локалната заедница, меѓу кои се вадени храна и основни производи во вредност од 1.150.000 евра, кои биле издвоени за работењето на 17 парохиски народни кујни (200.000 порции храна) и создавање 5.000 пакети со храна преку 25 социјални продавници за храна.
Категоријата „Поддршка за семејства и ранливи групи“ имала вредност од над 1.100.000 евра, пари кои биле дадени како финансиска помош за лицата на кои им била потребна, семејствата со многу деца и бездомниците, како и за поддршка на институции како што се Домот за стари лица „Харисеио“ и Домот за сираци „Папафеио“.
Во финансискиот извештај стои и категорија помош за млади и студенти, каде завршиле 650.000 евра, како инвестиции за студентски помагала, работење на студентски домови и радикално реновирање на студентскиот интернат.
Социјалната клиника била зајакната, додека 600.000 евра биле издвоени за изградба на 3 домови за поддржано живеење (SYD).
70.000 евра Митрополијата дониранала за сместување на 500 деца во 3 парохиски кампови.
Солунската митрополија пишува дека има и 8 Банки за крв (600 дарители на крв), 5 Центри за социјална настава (500 ученици), 5 гардеробери (400 корисници).

