Почетна Вести Христијанство Сочувство од Бигорската Обител за настраданите во пожарот во Тетово
Сочувство од Бигорската Обител за настраданите во пожарот во Тетово

Сочувство од Бигорската Обител за настраданите во пожарот во Тетово

133
0

Братството на Свештената Бигорска Обител, предводено од игуменот, епископот г. Партениј, изрази длабоко и искрено сочувство по синоќешниот несреќен настан во Тетово, во кој, при пожар во модуларна болница, животот трагично го загубија 14 лица, а повеќемина беа повредени.

– Нашето братство со усрдност се моли за покој на душите на постраданите, за брзо закрепнување на повредените и за утеха на ожалостените семејства. Исто така, ја искажува својата голема благодарност кон медицинскиот персонал и кон граѓаните што пожртвувано се вложија себеси за спречување на поголема катастрофа и за спас на што повеќе човечки животи. Нека милосрдниот Бог ги награди за нивниот подвиг и човекољубие, се наведува во објавата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *