Отец Бобан Митевски од скопската епархија и сестра Ефимија од манастирот во Рајчица се првите црковни лица на МПЦ-ОА, кои нараправија свој поткаст.
Првата епизода на Смисла, како што е наречен потксатот, беше емитувана на Бадник. Во првата епизода Отец Бобан и монахињата од манастирот Рајчица, Сестра Ефимија, започнуваат искрен и длабок разговор за едно од најважните прашања во животот – која е смислата на среќата.
Нивен прв соговорник беше актерот Благој Веселинов, кој преку лично искуство и размислувања споделува гледишта за среќата, смислата и внатрешниот мир.
Еден час исполнет со инспиративен, убав и поучен разговор, кој нè поттикнува да застанеме, да размислиме и подлабоко да се загледаме во сопствениот живот.
Поткастот го реализира студиот за поткасти, Podcast.
Погледнете ја оваа, навистина интересна епизода.

