Скандалозна аудио снимка – Вучиќ го пцуе српскиот владика на Косово

Date:

Share post:

Во телефонски разговор со Срѓан Поповиќ, кого српските медиуми го претставуваат како „началник на Косовскиот округ“, претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, ги спомнал рашко-призренскиот епископ на Српската православна црква Теодосиј, игуменот на манастирот Високи Дечани, Сава Јањиќ „и останатите“.

Аудиоснимката со Вучиќ била објавена во емисијата „Дебат Плус“ на косовската телевизија РТВ, а снимката за јавноста во Србија ја споделил на социјалните мрежи опозицискиот политичар Здравко Понош, генерал во пензија.

Меѓу другото, на снимката се слуша Вучиќ како вели:

„…На Теодосиј, на Сава Јањиќ и на останатите, не им ј…. мајка јавно само затоа што сум претседател на државата, инаку тоа досега 30 пати ќе го направев“!

Според тврдењето на водителот на косовската телевизија, разговорот меѓу Вучиќ и Поповиќ датира од 1 мај, а до снимката дошол преку меѓународни безбедносни агенции.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img