Почетна Вести Регион Синодот на Критската црква го разреши Архиепископот
Синодот на Критската црква го разреши Архиепископот

Синодот на Критската црква го разреши Архиепископот

405
0

Синодот на автономната Критска црква го разреши од должноста Архиепископот Иринеј. Причината се здравствени причини, односно влошената здравствена состојба на 88 годишниот Архиепископ.

Одлуката на Синодот била едногласна по консултациите со тројца професори по медицина. Во одлуката на Синодот пишува дека таа е донесена на тешко срце поради почитта кон Архиепископот, но била неопходна.

До оваа одлука дојде по многуте блокади и нефункционалноста на одредени делови од црковниот живот, поради здравствените проблеми на Ахриепископот.

Се очекува одваа одлука да ја потврди и Вселенската патријаршија, под чија јуриздикција е оваа црква.

Новиот Архиепископ ќе биде избран од Вселенскиот Патријарх помеѓу тројца архиереи предложени од Синодот на Критската архиепископија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *