Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Гордана Силјановска Давкова, била во посета на манастирот Свети Ѓорѓија во Рајица, па сподели фотографии на Фејсбук.
– Во сестринството во манастирот Свети Ѓорѓија во питорескната Рајчица поминав прекрасни моменти и научив многу за повеќе теми меѓу кои и за изработката на “Митрите” што се изработуваат за високи црковни претставници. Мирот и енергијата кои што може да се доживеат во Рајчица ми дадоа дополнителна сила да ја продолжам битката за праведна Македонија, напиша таа.




