Шверцувал икони – царината го фати на граничен премин

Date:

Share post:

Царината открила шверц на икони и верски предмети при обид за влез во државата. Во текот на минатата недела, при претрес на товарно возило камион биле пронајдени 842 разни верски предмети, 50 креми за лице и 84 килограми мед. Сите биле пронајдени во 16 кутии и една ќеса, а сместени во товарниот дел на камионт.

Камионот влегол на македонска страна на граничниот премин Дојран.

-Вредноста на производите, кои не биле опфатени со царинските документи изнесува 899.460 денари, а избегнатите давачки се во износ од 327.067 денари, стои во соопштението од Царинската управа.

Од споделените фотографии може да се забележи дека меѓу шверцуваните верски предмети има икони.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img