Што донесе светогорската посета на братството од Бигорскиот манастир?

Date:

Share post:

Се отвора нова страница на братско и евхаристиско заедничарење меѓу Бигорскиот манастир и Света Гора, а со тоа, извесно, и меѓу МПЦ-ОА и Вселенската патријаршија, анализира дневниот весник Вечер, посочувајчи дека иднината ќе покаже што може да донесе тоа како решение за забавеното решавање на прашањето за издавање томос за автокефалност за Македонската црква.

Сега, сигналите за обновување на дијалогот се испратени и не треба да биде изненадување доколку се случи тоа во блиска иднина. Ваков е, може да се каже, сумарниот резултат од престојот на епископот антаниски, Партениј, на Света Гора, а кој кулминираше со заедничка богослужба со вселенскиот епископ, Атинагора, по повод празникот посветен на свети Пантелејмон, во Кутлумушкиот скит.

Иако престојот на дел од братството на Бигорскиот манастир во најголемото православно светилиште за свој повод го имаше враќањето на епископот Партениј по 36 години на Света Гора, јасно е дека посетата беше повеќе од тоа. Односно може да се каже дека по неа односите меѓу МПЦ-ОА навлегуваат во нова фаза, која за почеток треба да има подобра клима и, најверојатно, почести контакти. А тоа недостигаше во изминативе неколку години откако се усложни и се запре проблемот со издавањето томосо за автокефалност на МПЦ-ОА поради барањата на Вселенската патријаршија, кои се неприфатливи за македонскиот црковен врв. Она што особено се забележува околу овој престој е потенцирањето на фактот што имал благослови како од вселенскиот патријарх, Вартоломеј, под чија јурисдикција се светогорските манастири, така и од дебарско-кичевскиот митрополит, Георгиј, кој му е надреден на епископот Партениј. Односно и од архиепископот охридски и македонски, г. г. Стефан, како поглавар на МПЦ-ОА.

Целиот текст на Вечер Прес.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img