Истражување на Разузнавачкиот институт „Молфар“
Она што одамна ѝ е јасно на украинската јавност за суштината на Руската православна црква (РПЦ), постепено станува очигледно и за европските елити. РПЦ не се користи само како инструмент на „мека моќ“, туку и како вистинска шпионска мрежа.
OSINT-агенцијата „Молфар“ (Open Source Intelligence) спроведе истражување со отворени извори, анализирајќи 11 европски држави. Во првиот дел се објавени информации за пет од нив: Шведска, Норвешка, Финска, Холандија и Чешка.
Црквата како шпионска мрежа во Вестерос, Шведска
Во шведскиот град Вестерос, руска црква изградена сомнително блиску до повеќе стратешки објекти, предизвикува прашања уште од почетокот на нејзината изградба во 2013 година. Отец Павел Макаренко, парохиски свештеник, служи во црквата „Казанска икона на Пресвета Богородица“ во Вестерос. Иако е префрлен во Шведска во 2010 година и оттогаш не патувал назад во Русија, тоа не го спречило „од далечина“ да ѝ служи на Русија.
Црквата, лоцирана на периферијата на Вестерос, е изградена во периодот 2013–2019 година и е осветена на 4 ноември 2023 година. Меѓу присутните на осветувањето бил и Владимир Љапин, советник и пратеник на Руската амбасада во Шведска. Љапин е еден од 20 дипломати за кои данските и шведските власти се сомневаат дека вршеле шпионска дејност за руската Надворешна разузнавачка служба (СВР) или Федералната служба за безбедност (ФСБ).
Локални жители, туристи и парохијани оставиле рецензии за црквата на Google Maps. Дел од корисниците ја довеле во прашање потребата од непрозирна ограда и камери за видеонадзор околу објектот. Истражувањето нуди можни одговори.
Во 2013 година, земјиштето за црквата во Вестерос било купено од „Росатом“ – руската државна нуклеарна корпорација. Дозволата за градба ја издал Ларс Калсеби, тогашен претседател на градскиот совет во Вестерос (член на Центристичката партија и претседател на управниот одбор на аеродромот Вестерос). Земјиштето е купено само една година по првичниот предлог за изградба – исклучително брз рок според шведските стандарди, како што забележуваат локални новинари. Отец Макаренко коментирал: „Парохијата ја купи земјата, а локацијата беше избрана од практични причини.“
„Росатом“ исто така го финансирал градењето на црквата, што го потврдува митрополитот Антониј во својата благодарница до Фондот за поддршка на христијанската култура и населението. Сепак, руски извори се обидуваат да го прикријат учеството на „Росатом“, тврдејќи дека средствата дошле од фондацијата и од доброволни донации.
Изборот на локацијата очигледно не бил случаен. Фабриката Westinghouse Electric, која произведува нуклеарни горивни касети, се наоѓа на само 4,22 километри од црквата. Аеродромот Вестерос е оддалечен само 500 метри. На околу 6 километри се наоѓа централата на Mälarenergi AB, еден од главните енергетски снабдувачи, а металуршкиот завод ABB Metallurgy е на помалку од 5 километри.
Близината до чувствителна инфраструктура и улогата на „Росатом“ отвораат сериозни прашања за вистинската намена на овој верски објект.
Свештеници и сомнителни биографии
Во август оваа година, шведски новинари објавија дека отец Макаренко добил пофалба од руската Служба за надворешно разузнавање (СВР). Во исто време, тој остро ги негираше тврдењата дека неговата парохија била финансирана од „Росатом“.
Претходно, Макаренко бил и извршен директор на шведската компанија NC Nordic Control AB, во сопственост на рускиот бизнисмен Павел Герасимов (Gerda Group), вмешан во случај за трговија со дрога и учесник во повеќе црковни проекти во Шведска. Компанијата нема физички магацин, но наводно остварувала приходи од околу 40 милиони шведски круни.
Пред Вестерос, Макаренко раководел со парохии во Арбога (8,4 км од воен објект на шведските вооружени сили) и во Евле, каде црквата се наоѓа на 1,9 км од баталјон на Националната гарда, 1,1 км од воен полигон и само 140 метри од железничка линија.
Весникот VLT утврдил дека земјиштето во Вестерос, за парохија со околу 100 верници, го купил „Росатом“ во 2013 година, повикувајќи се на податоци од шведската служба за безбедност Säpo.
Аналитичарот Патрик Оксанен пишува дека Вестерос има една од најдолгите писти во Шведска, дека е стратешки позициониран во близина на клучни мостови над езерото Меларен и во близина на штабот на шведската армија и воени комуникациски центри.
Tекстот продолжува со детална анализа на Норвешка, Финска и други земји, со опис на цркви лоцирани во близина на воени бази, енергетска инфраструктура, државни институции и дипломатски мисии
Целиот текст на ХРИСТИЈАНСТВО.БГ


Покомичен текст навистина е тешко да се смисли. Значи, Швеѓаните не се плашеле да му продадат земјиште со таква стратешки чувствителна локација на Росатом (руска државна нуклеарна корпорација), но се исплашиле кога на таа локација Русите изградиле православен храм?
Има уште: на осветувањето на тој храм бил присутен некој советник и пратеник на Руската Амбасада во Шведска – според талентираните аналитичари во таа прилика формирал разузнавачка келија меѓу верниците во храмот или само го инфилтрирал посочениот баќушка?
Освен тоа, половина дворови во мојот град имаат непроѕирни нови огради и камери, исто и реновираниот црковен храм (кој беше неколкупати ограбен). Тешко нас ако ни дојдат бугарските “корисници” во посета, па да дадат забелешки на Google Maps.
А да не заборавиме и дека според текот на бугарските мисли-крилатици Македонците удавиле 20 000 Бугари во Охридското Езеро во 1945 г. од мака што удавените се изјаснувале како Бугари, т. е. во духот на традиционалните македонски асимилаторки практики. Навистина веродостојно. Секоја чест за бугарската историска наука и за проникливите аналитички способности и на авторите на овој текст.
Мислам дека дипломатите, функционерите и деловните луѓе нема да се исплашат онака протокаларно да доаѓаат на празничните богослужби после ова.
Но ако сакаме да зборуваме без лаги и претпоставки за пропозициите за изградба на руски православни храмови во земјите на ЕУ, да кажеме нешто што го знаеме од непосредно искуство, не од нарачаните извештаи на платените мршојадци и кучиња на современите воени конфликти во новинарските редови.
Имено, Руската Православна Црква во Малта на пример има купено земјиште за изградба на црковен храм пред повеќе од една деценија: во Капара, една пријатна стамбена населба во која недвижностите се продаваат ретко но по елитни цени; иако не излегува на море и нема некоја особено привлечна околина, цената е висока од причина што месното население има одлични навики во поглед на културата на живеење, што е значајно за земја со долга историја на вдомување на разни емигрантски заедници.
Но, под разни изговори Руската Православна Црква никако не успева да добие дозвола за изградба на тој храм, и покрај големиот број долгогодишни руски мигранти во Малта, и покрај руско-малтешките бракови, и покрај тоа што Рускиот Културен Центар многу одамна е сместен во сопствена петкатна палата на една од најпрестижните локации во Валета (главниот град), и покрај огромната љубов на дел од Малтежаните кон руската култура (има исклучителни доброволци меѓу нив коишто не само што одлично го владеат рускиот јазик туку и ја негуваат руската класична музика како интерпретатори и се посветени познавачи на целата руска уметност, значи активно гравитираат кон тој Центар). И покрај огромниот број на православни христијани кои живеат и работат во Малта. И покрај тоа што во Малта не постои ниеден православен храм.
Пред неколку години сепак Римокатоличката црква дозволи еден нејзин храм во Бирзебуѓа да се користи за православни богослужења. Бирзебуѓа е релативно далеку од секоја населба во која живеат мнозинство православни доселеници, релативно лошо поврзана со автобуски превоз, и воопшто тешко е да се стигне таму во недела на литургија после исклучително напорните работни седмици. Сепак, храмот е преполн за време на литургија.
Информациите за состојбата со земјиштето за руски црковен храм ги добив случајно од моите најблиски малтешки, не руски пријатели.
Инаку, Малта навистина не води антируска политика, дури иако е членка на ЕУ, дури ни за време на руско-украинскиот конфликт не го прави тоа, дури и ги блокира антируските санкции.
Што би рекла „лепа“ Ангелина, – нарачан коментар на платените мршојадци и кучиња на современите воени конфликти. Ама нешто и се измешало во главчето од центрифугирањето на машината за перење на мозоци на кремлинските опскурни клептократи. Војната во Украина ја започна лудиот ботоксиран кепец од кремлин, откако претходно се пресмета со здравиот разум во Русија, убивајќи опозиционери по улици како кучиња (Немцов) и во сибирски гулази (Навални). Сепак Навални ќе остане запаметен како човечиште кое што иако знаеше што може да очекува се врати во Русија, верувајќи дека сеуште Русија може да стане нормално демократско општество, наместо парија владеена од едно по сите основи медиокритетско суштество, кое ќе остане запаметено како стаорец кој средбите и со своите соработници ги остварува преку видео врска, скриен во своето дувло.
Заклучокот од истражувањето е сосема веројатен, ако се има во предвид малигната врска на РПЦ со одвратната авторитарна структура во Кремлин. Ангелинче, само да те подсетам дека Московскиот патријарх лично ги благословуваше „гулабите“ на војната кои еве скоро четири години убиваат и пустошат во Украина.