Почетна Вести Европа Шокантно: Дури и најмладите Руси дел од шовинистичката религиозна пропаганда
Шокантно: Дури и најмладите Руси дел од шовинистичката религиозна пропаганда

Шокантно: Дури и најмладите Руси дел од шовинистичката религиозна пропаганда

353
0

Во Русија намераваат да создадат „православна компјутерска игра“, посветена на конфликтот помеѓу Московската Патријаршија и Константинополската Патријаршија. Играта е наречена: „Создај митрополија во Истанбул“, бидејќи таа заработи најмногу гласови во одделот за компјутерски игри на Рождественските читања, кои се одржуваат овие денови во Москва.

Главниот херој на играта е православниот митрополит Николај, кој добива благослов од Патријархот да создаде во Истанбул „II Римска и Анталска митрополија“.

Модераторот на секцијата за компјутерски игри на Рождественските читања, професорот од Московскиот државен лингвистички универзитет, Роман Силантиев, објасни дека „митрополитот ќе треба да пројави завидна дипломатска способност во преговорите со чиновници, да ја избегне смртта од рацете на злобните секти на Ѓулен и Бозкурт (‘Сивите волци’), да не се соблазни од чоколадата и најпосле да го победи главниот злотвор по име Бармалеј“. Според професорот, митрополитот треба, сепак, „не да го ликвидира Бармалеј“, бидејќи тоа не е православно, туку „братски да го вразуми и да го прими во истиот чин како епископ Золоторошки“.

Еве и една илустрација во врска со идејата на играта – злобниот Бармалеј со Томос под рака и митрополитот Николај, кој го вразумува.

Веста предизвика смеа кај световните луѓе и ги компромитира православните христијани, но се радува на популарноста меѓу „црковните“ луѓе. Тоа е загрижувачко сведоштво за ожесточеноста што официјалната пропаганда ја создава кај религиозните луѓе во Русија.

Извор: Двери

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *