Секој втор бугарски граѓанин изразува толерантност кон ЛГБТИ заедницата

Date:

Share post:

Социолошко истражување за 2025 година, спроведено од агенцијата Алфа Рисрч“, по нарачка на фондацијата Глас“, покажува дека поддршката и толерантноста кон лгбти заедницата во Бугарија бележи пораст, при што секој втор граѓанин денес се изјаснува како толерантен кон луѓето со различна сексуална ориентација. Истражувањето се спроведува трета година по ред и укажува на стабилен тренд на зголемено прифаќање.

Резултатите покажуваат дека законските забрани за т.н. „пропаганда на нетрадиционална сексуална ориентација“ во Законот за училишно образование не ги решаваат суштинските проблеми во образованието, туку придонесуваат за дополнително заострување на општествената конфронтација.

Според анализата, јавното однесување и реториката на политичарите и одредени организации имаат силно влијание врз општествените ставови. Кога темата се дискутира во помирна атмосфера, без радикални пораки, поголем дел од граѓаните покажуваат разбирање кон овие лицата и нивните предизвици.

Од „Алфа Рисрч“ посочуваат дека во последниот период се намалува поларизацијата што ја предизвика дебатата околу забраните во образованието. Денес доминира мислењето дека овие мерки не придонеле за подобрување на состојбите во училиштата, туку напротив – ја продлабочиле поделбата во општеството.

Истражувањето покажува и раст на поддршката за правно регулирање на статусот на истополовите двојки. Иако мнозинството граѓани сè уште се резервирани кон промени во законодавството, сè поизразена е согласноста дека овие прашања треба институционално да се уредат. Поддршката за правно признавање на истополови бракови и партнерства е зголемена за речиси една третина во споредба со 2023 година.

Податоците укажуваат дека најголема толерантност и поддршка доаѓаат од помладите генерации и од високообразованите граѓани, особено оние кои имале процес на образование надвор од Бугарија. Само околу 10 проценти од испитаниците и понатаму сметаат дека во училиштата постои лгбти пропаганда.

Според фондацијата „Глас“, Бугарија, заедно со Романија и Литванија, останува меѓу последните земји членки на Европската Унија без јасно и целосно правно регулирање на истополовите сојузи, иако јавната поддршка за такви решенија постепено расте.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img