Седуммината македонски државјани борци во ИСИС осудени на 45 години затвор

Date:

Share post:

Седумтемина македонски државјани обвинети за Учество во странска војска, паравоени или параполициски формации, а едно лице обвинето и за кривично дело Терористичка организација, ги признаа делата што им се ставаат на товар.

Во август минатата година, во соработка со партнерите од Глобалната коалиција за борба против тероризмот и Сириските Демократски Сили, обвинетите беа лишени од слобода и предадени на македонските органи на прогонот. По спроведена истрага, во декември минатата година од страна на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, до Основниот суд Скопје 1 Скопје, беше поднесено обвинение против седум лица.

Судот денеска обвинетите Елмедин Османи, Ахмед Џенгис, Орхан Жупани, Буњамин Фето, Сафет Рамадани, Ибрахим Шабани и Алмир Миртовски  ги осуди на шест години затворска казна, а за еден од обвинетите изречена е казна затвор од 9 години

„Судот утврди дека обвинетите ги сториле кривичните дела за кои се теретат во обвинението. При одредување на видот и висината на санкцијата судот ги имаше во предвид олеснителните и отежителните околностите при што судот им ги одмери казните на сторителите во границите пропишани со закон за тие кривични дела имајќи ги во предвид евиденцијата за кривичната одговорност на сторителите, тежината на делата како и целта на казнувањето. Спречување на сторителите да вршат вакви и други кривични дела и нивно превоспитување“, рече судијката која го води процесот, Џенета Бегтовиќ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img