Се е подготвено за големото прогласување светители викендов во Струга и Охрид

Date:

Share post:

Сабота и недела МПЦ-ОА и официјално ќе ги вброи во редот на светиите Спасе и Спаса Вишенски, со што конечено се заврши еден процес што трае веќе еден век.

Големиот настан за прогласување на светителите почнува на 8 јуни (сабота) во во храмот „Свети Атанасиј“ во село Вишни (Струшки Регион) со вечерна богослужба на која ќе служи епископот Антаниски Партениј во сослужение со свештеници од Струшкото намесништво. Потоа моштите на света Спаса ќе бидат измиени и префрлени во нов кивот (кутија) и пренесени во храмот „Света Софија“ во Охрид.

-Таму, после вечерната богослужба, моштите ќе ги пречека надлежниот арихиереј Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошко-струшки г. Тимотеј, кој ќе ги внесе во храмот и ќе отслужи последен парастос за двајцата праведни, според востановената практика на Црквата. Следниот ден, на Литургија со која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со сите архиереи на помесната Црква, ќе биде објавена одлуката за впишувањето во списокот на светиите, на праведните Спасе Вевчански и Спаса Вишенска, стои во соопштението.

Настанот претставува крунисување или завршување на еден процес што е започнат пред речиси еден век, со откривањето на моштите на светата Спаса, со што почнале да се празнуваат богослужбено и црковно, особено света Спаса, чие пак житие не може да се раскаже без свети Спасе, велат од МПЦ-ОА.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img