Новинарот Фурхан Салиу, поббара објаснување за чинот на осветување на новите возила на МВР. На својот фејсбук профил потенцира дека државата се чува со закон, не со света вода.
Во продолжение целата реакција.
Во дворот на полицијата, врз службени возила на државата, свештеник врши верски обред. Не во црква. Не во приватен простор. Туку во државна безбедносна институција. Полицијата во Македонија е мултиетничка, мултирелигиска и мора да им служи на сите еднакво. Таа не припаѓа на ниту една вера.
Кога една вера добива официјален простор во полицијата, пораката до другите е јасна: оваа институција има доминантна вера.
Ова не е симболика. Ова е институционализација на религијата и кршење на Уставот, кој ја дефинира државата како секуларна.
Државата се чува со закон, не со света вода. Ако денес возилата ги благословува свештеник, утре кој? Оџа? Рабин? Или само верата што е мнозинство?
Секуларната држава не функционира со традиции, туку со еднаквост.
Полицијата мора да биде на сите, не на една вера.

