Почетна Вести Свет САД: Русија го инструментализра православието за свои интереси
САД: Русија го инструментализра православието за свои интереси

САД: Русија го инструментализра православието за свои интереси

162
0

Американскиот Стејт департмент ја обвини Русија дека злонамерно го инструментализира православниот идентитет со цел да ги промовира геополитичките интереси.

Како што истакна портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс, „Русија е вклучена во тајни и отворени злонамерни обиди да го инструментализира православниот идентитет за промовирање на сопствените геополитички интереси, со поддршка на одредени локални православни цркви и други водачи, истовремено поткопувајќи ги другите локални цркви“.

Американскиот функционер, исто така, ја истакна важноста што САД ја придаваат на промоцијата и заштитата на верските слободи.

-Заштитата на верската слобода или религијата, вклучително и слободата на верските малцинства, останува клучен елемент на надворешната политика на САД. Луѓето треба да бидат слободни да донесуваат одлуки за тоа како ги изразуваат своите религиозни убедувања, без надворешно мешање, вклучително и од странски влади, рече Нед Прајс.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *