Рускиот патријарх избриша четири православни цркви

Date:

Share post:

Московскиот патријарх Кирил испратил Божикна честитка до поглаварите на помесните православни цркви. Иако ја насловил како „Божикна честитка на патријархот Кирил до поглаварите на помесните православни цркви“, сепак во списокот, каде ги набројува имињата на поглаварите нема оние цркви кои ја признаа автокефалноста на Православната црква на Украина. Изоставенио се Вселенскиот патријарх, Александрискиот патријарх, архиепископот на Грција и архиепископот на Кипар.

Па така неговата честиткитка  е упатена до патријархот антиохиски и на целиот Исток Јован X, патријархот ерусалимски Теофил III, католикосот-патријарх на цела Грузија Илија II, патријархот српски Порфириј, патријархот романски Даниил, патријархот бугарски Даниил, архиепископот тирански и на цела Албанија Јован, митрополитот варшавски и на цела Полска Сава, митрополитот на Чешките земји и Словачка Ростислав, митрополитот на цела Америка и Канада Тихон и архиепископот охридски и македонски Стефан. Поглаварот на МПЦ-ОА, Стефан е во тој список, но наведен последен, дури и по поглаварот на Американската црква Тихон. Интересно, но во тој список ја нема Украинската православна црква и нејзиниот поглавар, Митрополитот Онуфриј, која пред две години прогласи автокефалност. Тоа само укажува на тоа дека Руската црква не ја признава УПЦ за автокефална и ја смета за составен дел на Московската патријаршија.

Инаку, овој потег на Кирил веќе јасно дефинира дека Руската црква, не само што не сослужува со црковите кои ја признаа Укрина, туку таа ги изришала и од нејзината перцепција дека тоа се помесни православни цркви, дури и за вакви протоколарни настани како што е Христовото Раѓање – Божик. Кирил нема доблести, барем христијански да им го честита празникот на верниците на тие црки, ако не сака на нивните поглавари.

Парадокосот да биде поголем, Кирил во честитката напишал: „Радувајќи се денес на Рождеството на Спасителот, со особена надеж Му вознесуваме молитви за испраќање благослов на христијанските народи, за прекин на бурата од раздори и недоразбирања и за зацарување во душите на луѓето на мирот што го донесе Богомладенецот, зашто „Тој е нашиот мир“. Московскиот патријарх и на цела Русија, се моли за „прекин на бурата на раздори“, а во основа е креатор на истата бура.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img