Почетна Вести Русија изгради своја црква на Кипар
Русија изгради своја црква на Кипар

Русија изгради своја црква на Кипар

255
0

Руската православна црква го освети првиот свој храм, изграден во руски стил, на Кипар. Станува збор за црква посветена на сите руски светители и се наоѓа во главиот град на Кипар, Никозија. Осветувањето го извршил, шефот на одделот за надворешни комуникации на РПЦ, Иларион Алфеев и архиереи од Антиохија, Бугарија, Србија и од Грција.

На осветувањето присуствувал и кипарскиот претседател, Никос Анастасиадис, голем број пратеници и политичари.

Иницијативата за изградба на оваа црква била на кипарскиот Архиепископ, Хриостом. Финансиски е изградена со средства на рускиот олигарх, Вјечеслав Адамович Заренков и ќе бидет под јуриздикција на Кипарската православна црква. Богослужбите пак ќе бидат на црковно-словенски и на грчки јазик.

-Храмот ќе биде отворен за секој православен човек. Русите кои живеат на островот ќе доаѓаат во него со голема радост, особено кога ќе го слушаат богослужењето на својот мајчин јазик и ќе ги почитуваат своите руски светители, изјавил Митрополитот на РПЦ Иларион.

Бидејќи кипарската црква, како и сите грчки цркви, не дозволуваат на нивна јуриздикција дејствување на други свештеници, руските свештеници кои ќе служат во оваа црква ќе бидат под јуриздикција на локалниот епископ.

/ДВЕРИ.БГ

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *