Романскиот владика на средба и со владиката Тимотеј

Date:

Share post:

Епископот Дамаскин од Романската православна црква, кој деновиве беше во посета на МПЦ-ОА имал средба со Митрополитот Тимотеј во Охрид. Дебарско-кичевската епархија соопшти дека вчера во просториите на епархијата во домаќин на Дамаскин, викарен Епископ на Сучавската епархија од Романската православна црква бил Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски Тимотеј.

-Средбата помина во духот на братската православна љубов, а беа разменети повеќе гледишта и прашања од секојдневниот живот на Црквата, велат од Епархијата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img