Почетна Репортажа Видео (РЕПОРТАЖА) Игуменот Партениј и Бигорскиот манастир – и величани и растргнати
(РЕПОРТАЖА) Игуменот Партениј и Бигорскиот манастир – и величани и растргнати

(РЕПОРТАЖА) Игуменот Партениј и Бигорскиот манастир – и величани и растргнати

1.94K
0

Бигорскиот манастир, кој продолжува да биде духовно свртилиште на многумина верници од земјава и од странство, во изминатиов период е предмет на напади и критики од центри надвор, но и внатре во црквата. Обвинувањата завршуваат главно на адреса на игуменот на манастирот, епископот Партениј, кој е опишуван како анационален, мешетар и предводник на парацрковна структура. Партениј реши првпат јавно пред камерата нa „360 степени“ да проговори на овие и на други актуелни теми. Освен разговорот со него, во продолжение погледнете ја репортажата од Бигорскиот и од манастирот Рајчица

Во дебарско-реканскиот крај, на 740 метри надморска височина се издига Бигорскиот манастир. Во тек е неделна утринска литургија. Иако е зима и не е поголем празник, верници го наполнија храмот. По светата причесна, братството и верниците се упатија на заеднички појадок. Никој не плати ништо, а трпеза имаше за сите.

Изграден во далечната 1020, Бигорскиот манастир уште толку години подоцна ги гледа благодетите на истрајноста, вели отец Кирил.

„Самата бројка илјада, мислам дека делува доста импозантно.  Илјада години постоење на некоја институција подразбира нешто многу големо, величествено, нешто многу свето, особено кога станува збор за светилиште на Бог. Ако земеме предвид фактот дека христијанството постои 2000 години, значи половина од тие два миленуми, Бигорски го има своето постоење“, ни раскажа тој.

Името не е случајно.

„Се нарекува Бигорски затоа што е изграден врз една карпа од камен од бигор, тоа може да го видите тука, тоа е порозен камен, кој е мек за обработка но, сепак цврст за градење и нашите предци, како и ние денес, често го користиме за градба на манастирот и самиот факт што е изграден на таа карпа придонел да се вика Бигорски“, кажа отец Кирил.

Централен дел на манастирот е бигорскиот католикон, односно соборниот храм, посветен на свети Јован Крстител, каде што се одржа и утринската литургија. Иконостасот се смета за ненадминато ремек-дело. Овде се наоѓаат и најголемите светињи на манстирот.

„Стоиме пред чесната икона на Свети Јован Крстител, чудотворната икона на нашиот мил патрон. Со оваа икона всушност е поврзан и постанокот на манастирот. Имено, според преданието кое е запазено во манастирските хроники и кое се пренесува до ден-денес, оваа икона била пронајдена како лебди, целата во божествена светлина, над изворот со вода, којшто сега тече под самиот храм и била пронајдена од страна на првиот ктитор на Светата бигорска обител, Свети Јован Дебранин“, вели тој.

Рачно изработена е и целивалната за изложување на иконите.

„На оваа целивална има дрворез, во кој се прикажани сцени, односно светители кои се поврзани со Бигорскиот. Конкретно овде е прикажано отсекувањето на главата на Свети Јован Крстител, што е всушност и главната наша манастирска слава“, рече отец Кирил.

Целата репортажа прочитајте ја на 360 Степени

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *