
Рекација на агенцијата за ислеништво – само споделуваме информации задчија содржина не стоиме
Агенцијата за иселеништво регира на текстот на религија.мк, во врска со објавената декларација на Австралиско-новозеландската епархија. Директотот Слободан Близнаковски, во реакцијата посочува дека тие како државна институција не поддржувале иницијативи, туку само споделувале информалции од активности на дијаспората.
Во продолжение целиот текст на реакцијата од Агенцијата за иселеништво.
Во врска со информација на вашиот портал дека, цитираме: Агенцијата за иселеништво јавно ја поддржува Декларацијата за наводна заштита на името на МПЦ-ОА, организирана од една политичка партија и Владиката Петар преку епархијата што ја администратира во Австралија, ве известуваме дека:
Агенцијата за иселеништво на својата интернет страна пренесува информации и објави на иселеници и иселенички организации без рецензија и не стои позади содржините на истите. Секоја информација или новина има наведено извор и истата е објавена во согласност на правилата и политиките на изворот, било да е друг портал, медиум, иселеничка интернет страна или фејсбук профил.
Во предметната објава за декларацијата, истата е пренесена од страна на фејсбук профилот на „Македонска Православна Црква Епархија за Австралија и Нов Зеланд, што за Агенцијата за иселеништво е иселеничка организација како и сите други, поради што самата објава е сместена во рубриката „Иселенички страни“ „АВСТРАЛИЈА“ како и сите други новини кои се превземени од организации од Австралија.
Агенцијата за иселеништво не објавува содржини со политички карактер и не пренесува ставови на ниту една политичка партија, ниту пак навлегува во внатрешните работи и ставови на Македонската Православна Црква – Охридска Архепископија.
Со почит, Директор Слободан Близнаковски
Fair Enough